Баерн Минхен дома киксираше, ама тоа е најмалку страшно: Се чекаат информации за повредите на Кејн и Олисе!

20.11.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Баерн Минхен дома киксираше, ама тоа е најмалку страшно: Се чекаат информации за повредите на Кејн и Олисе!
ФОТО:.facebook.com/fcbayern.en

Баерн Минхен – Келн 1:1 вечерва на „Алијанц Арената“ во Минхен, во меч од 10.коло во Бундеслигата. Добра вест беше враќањето на Винсент Компани на клупата, тој ги водеше “баварците“, ама страшна вест за сите во клубот и за фановите е повредите на двете најголеми ѕвезди, Хари Кејн и Мајкл Олисе. Со нетрпение се очекуваат информации за нивните повреди.

Инаку стрелци на головите беа Мур во 12.минута за гостите, како и Бишоф за Баерн во 37.минута.

Треба да се каже дека повредени се и Луис Диас, Саибари, Гнабри… па така ова значи дека Баерн нема напаѓачи.

Вистинска катастрофа.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата