Атлетико се пофали со Баена

2.07.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Атлетико се пофали со Баена

Алекс Баена и официјално е нов играч на тимот на Атлетико Мадрид. Детето на Виљареал пристигнува во Мадрид за сума од 45 милиони евра плус пет со евентуалните бонуси.

Баена има 148 настапи за првиот тим на клубот, постигна 26 гола и 40 асистенции, и ја освои Лигата на Европа со овој клуб пред четири години.

Секако, има статус на репрезентативец на Шпанија, во чиј состав беше при освојувањето на ЕВРОТО во 2024 година.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата