Екипата на Астон Вила е победник на првиот дуел од денешната програма во Премиер лигата во која на домашен терен со 3:1 го совлада тимот на Нотингем Форест.
Домаќинот доминираше на овој дуел, со погодокот на Оли Воткинс во финишот на првиот дел, а потоа и на МекГин со кој што поведе и со 2:0.
Гостите за момент се вратија во игра со голот на Гибс Вајт и намалија на 2:1, но МекГин во 73. минута со вториот гол ги реши дилемите и ги постави конечните 3:1.
Со оваа победа, Астон Вила супериорно е на втората позиција со 42. бода додека пак Форест е на седумнаесеттото место.

