Артета: Нашата цел е повторно да ја освоиме титулата

22.08.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Артета: Нашата цел е повторно да ја освоиме титулата
ФОТО:.facebook.com/Arsenal/

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, го пофали својот тим по победата од 3-0 над новодојдениот Ковентри во првото коло од Премиер лигата.

„Одлична игра – ми се допаднаа многу работи во играта на момчињата. Доминиравме целосно, имаше неверојатно разбирање на теренот. Постигнавме два одлични гола пред паузата. Моравме да ја контролираме играта и им дадовме време на некои играчи за игра, па затоа беше навистина добар натпревар“, рече Артета.

„Не чувствуваме дека мора да браниме нешто. Само сакаме повторно да ја освоиме титулата, тоа е нашиот став. Минатата сезона е минато, сега целта е да го повториме успехот“, нагласи специјалистот.

„Ковентри е добар противник, многу добро подготвен. Овој тим има јасна идеја како сака да ви предизвика проблеми“, додаде тренерот на „топџиите“.

Артета стана петтиот менаџер во историјата на Премиер-лигата кој стигнал до 150 победи во помалку од 250 натпревари. Синоќешниот натпревар беше 249-ти за Шпанецот како менаџер на Арсенал во највисоката лига на англискиот фудбал. Рекордер во овој поглед е Пеп Гвардиола, кој ја забележа својата 150-та победа како менаџер на Манчестер Сити во својот 204-ти натпревар.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата