Артета: Многу сум среќен, одигравме брилијантно

27.11.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Артета: Многу сум среќен, одигравме брилијантно

Микел Артета откри што му се допадна најмногу во победата на Арсенал од 3-1 над Баерн Минхен во натпреварот од групната фаза на Лигата на шампионите.

Победата ги однесе „топџиите“ на врвот на табелата. Нерешен резултат во следната рунда би бил доволен за да ги задржи на врвот на табелата пред новогодишната пауза во европските клупски натпреварувања.

„Тоа ќе им даде на играчите уште поголема самодоверба. Направивме неколку измени и играчите играа неверојатно. Многу сум среќен. Мислам дека игравме брилијантно“, изјави Артета.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата