Артета: Ако еден ден почувствувам дека нешто се променило…

10.10.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Артета: Ако еден ден почувствувам дека нешто се променило…

Актуелниот шампион Арсенал ја отвора шестата рунда во Премиер-лигата со домашниот дуел против Лидс, кој ќе се одигра утре (сабота) од 14:30 часот. Ова ќе биде прв натпревар за тимот по репрезентативната пауза, но и прв за менаџерот Микел Артета откако пред неколку дена го продолжи договорот со клубот.

На средбата со медиумите, Шпанецот очекувано мораше да го коментира и случајот со Манчестер Сити, каде што беше асистент на Пеп Гвардиола во дел од периодот за кој сега „граѓаните“ се прогласени за виновни за финансиски неправилности.

„За мене ова е огромна чест. Моето семејство и јас сме исклучително благодарни што ќе продолжиме да уживаме во ова неверојатно патување, кое започна пред речиси седум години.

Уште од самиот почеток кажав дека клубот и јас сакаме иста работа. Секогаш сум тврдел дека кога се обидуваш да донесеш одлука за иднината, најважно е во моментот на потпишувањето да ги погледнеш сите во просторијата и да видиш насмевки на нивните лица и возбуда во нивните очи.

Токму тоа го почувствував кај Стен и Џош , потоа кај извршниот директор Рич Гарлик, директорот за фудбалски операции Џејмс Кинг и спортскиот директор Берта, но и кај вработените и фудбалерите. Секој ден мораме да докажуваме дека заслужуваме да бидеме на ова ниво.

Понекогаш треба да застанеш и да се запрашаш: „Колку долго можеш да продолжиш да го правиш ова?“ И не само тоа, туку и колку долго можеш да го правиш токму тука. Дали ја имаш потребната желба и енергија? Како те гледаат луѓето околу тебе кога разговараш со нив?

Мојот одговор беше позитивен. Ако еден ден почувствувам дека нешто се променило, ќе размислиме повторно. Тоа е сè, едноставно е.“

За градењето „династија“ во Арсенал
„Тоа е нешто за кое мора да се борите секој ден. Знаеме каде сме во моментов и какви се стандардите, но ентузијазмот, страста и енергијата се уште поголеми“. 

Која е неговата најголема гордост – односот со навивачите или трофеите?
„Важен е начинот на кој го постигнавме сето ова. Во моментов, секој се чувствува како дел од нешто што има силно единство. Клубот има јасен идентитет, амбиција и насока во која сакаме да се развиваме“. 

Дали ќе продолжи да работи долго време?
„Не знам. Сè уште сум многу млад и ова е моето прво искуство како тренер. Веројатно сè зависи од начинот на кој ја перцепирам мојата професија. Луѓето зборуваат за притисок и стрес и јас разбирам што мислат. Но, не ја поврзувам мојата работа со тие работи. Поминав низ многу различни моменти. Сè се сведува на страста што ја имам за играта, како и на мојата амбиција, решителност и аспирации. Вистинска привилегија е за мене да го правам ова секој ден. Мислам дека сè уште не е време да се запре“.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата