Барем засега ништо од трансферот на Нони Мадуеке од Челзи во Арсенал. Имено иако напаѓачот на “сините“ и селекцијата на Англија, се договори со Арсенал околу личните услови, сега проблемот е во раководството на “сините“. Челзи не го пушта за 60 милиони евра колку клубот од “Емирејтс“ нуди, бара поголема сума.
Последна вест е дека во следните неколку дена одново ќе има преговори, но мали се шансите до него да дојде.
Мадуеке во минатата сезона за Челзи одигра 41 меч а притоа постигна 11 голови.
Тој најчесто играше на десно крило.
ФОТО: ФЦ Челзи/Х