Арсенал го купи најдобриот стрелец во Белгија

16.07.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Арсенал го купи најдобриот стрелец во Белгија

Еден од најдобрите фудбалери на белгиски Бриж замина во Лондон. Денеска Арсенал го потпиша Кристос Цолис.

Лондонскиот клуб постигна договор со Клуб Бриж за трансфер на 24-годишниот крилен напаѓач. Договорот е вреден 40 милиони евра.

Минатата сезона во белгиското првенство, Цолис одигра 36 натпревари, постигна 17 гола и имаше 23 асистенции, со што стана најдобар стрелец во лигата.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата