Арне Слот ќе биде новиот селектор на „лалињата“?

6.07.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Арне Слот ќе биде новиот селектор на „лалињата“?
фото: AB (X)

Довчерашниот менаџер на Ливерпул, Арне Слот би можел да го замени Роналд Куман на позицијата селектор на холандската репрезентација.

Поранешниот менаџер на „црвените“ е избран за новата менаџерска функција во националниот тим, објави новинарот Флоријан Плетенберг. Прелиминарните разговори со Слот веќе се одржани.

Холандската репрезентација беше елиминирана од Светското првенство во 2026 година во осминафиналето, по што Куман поднесе оставка. Засега се споменуваа неколку имиња како кандидати за нов селектор на „лалињата“, но името на Слот е меѓу фаворитите.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата