Аргентина со нов уникатен рекорд: 13 натпревари на Мундијалите со два или повеќе гола!

16.07.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Аргентина со нов уникатен рекорд: 13 натпревари на Мундијалите со два или повеќе гола!
фото: FIFA World Cup Stats (X)

Финалистот на ова Светско првенство, селекцијата на Аргентина, ја продолжи својата рекордна серија на натпревари со постигнати два или повеќе гола на Светските првенства.

Во полуфиналето против Англија синоќа, екипата на Лионел Скалони постигна два гола за пласман во финалето.

Аргентина постигнала најмалку два гола во последните 13 натпревари на Светските првенства, уникатно постигнување кое досега ниедна друга репрезентација во историјата на Мундијалите претходно не успеала да го постигне.

На тековното Светско првенство, тие го надминаа рекордот на Уругвај од 11 натпревари со по два или повеќе постигнати голови, поставен меѓу 1930 и 1954 година.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата