Везистот на Челзи, Енцо Фернандес е посочен како можен наследник на Лионел Меси на капитенската позиција во аргентинската репрезентација. Иако не цели кон култната десетка, Фернандес отворено признава дека сонува еден ден да ја преземе капитенската лента од легендата чија репрезентативна кариера се ближи кон крај, пишува Goal.com. Светското првенство 2026 речиси сигурно ќе биде негово последно.
Меси – наследството и неизвесниот проштален момент
Осумкратниот добитник на „Златната топка“ сè уште нема потврдено дали ќе ја предводи Аргентина во обид за одбрана на титулата наредното лето, но тоа се очекува. Меси веќе ја одигра својата последна интернационална утакмица на домашен терен. Зад себе има неверојатна репрезентативна кариера – две Копа Америка титули и Светското злато од Катар 2022, со 196 настапи и 115 голови.
Фернандес: Подготвен сум за одговорноста
Еден ден Меси ќе се повлече, а некој друг ќе мора да ја преземе улогата на лидер. Фернандес, кој повремено ја носи капитенската лента во Челси, вели дека е подготвен за тоа.
„На личен план, секако дека сонувам да бидам капитен на Аргентина, но тоа не зависи од мене. Тоа е одлука на стручното раководство. Сон ми е да бидам капитен еден ден. Не знам кога, времето ќе покаже. Тоа би била огромна чест.“
Мисија: одбрана на светската круна
Фернандес беше клучен човек покрај Меси на патот до светската титула во 2022 и беше прогласен за најдобар млад играч. Сега мисли само на нов атак на тронот.
„Ќе се обидеме да ја одбраниме титулата. Аргентинците се страсни и секогаш сакаме повеќе. Нашиот менталитет е дека ја заслужуваме повторно.“
Свесен дека ова би можело да биде последното СП на Меси, додава:
„Знаеме што значи ова натпреварување и ќе дадеме сè од себе повторно да остане наша.“

