Англиската фудбалска лига беше принудена да ги промени датумите на три натпревари поради распоредот на Лигата на шампионите.
Во соопштението објавено од ЕФЛ по тој повод, беше наведено дека нема друга опција освен да се промени распоредот на натпреварите од Лига купот. Сите проблеми за Англичаните започнаа кога УЕФА ги закажа Ливерпул и Евертон да играат истата вечер како домаќини.
Натпреварот од третото коло на Лига купот помеѓу Евертон и Вулверхемптон веќе беше закажан за 9 септември кога беше објавен распоредот на Лигата на шампионите и кога се дозна дека натпреварот на УЕФА помеѓу Ливерпул и Атлетико Мадрид е закажан за истата вечер.
УЕФА не обрна посебно внимание на правилото дека Ливерпул и Евертон не можат да играат иста вечер како домаќините. Причината е едноставна – безбедност. Раководството на ЕФЛ ја контактираше УЕФА во понеделник, но немаше можност да се помести дуелот на Ливерпул во Лигата на шампионите, па ЕФЛ беше принудена да направи нов распоред.
Така, Евертон ќе го пречека Вулверхемптон на 16 септември, Ливерпул ќе биде домаќин на Тотенхем еден ден порано, а поради сè, дуелот на Вулверхемптон со Портсмут во Чемпионшип е одложен, кој ќе се игра на 20 октомври наместо на 16 септември.
ЕФЛ воопшто не е задоволна од овие случувања:
„Во текот на претходните сезони, Лигата направи бројни промени во распоредот за да се вклопи во проширувањето на клупските натпреварувања на УЕФА. А УЕФА ја донесе таа одлука без соодветна комуникација со домашните натпреварувања. Тие промени што беа спроведени вклучуваа играње на третото коло од Лига Купот во текот на две недели и прилагодување на самата ждрепка на таа промена за да се спречи преклопување на натпреварите со натпреварите од Лигата на шампионите и Лигата на Европа. Затоа неподготвеноста на УЕФА да соработува е уште поиритирачка, а сега ни помалку ни повеќе навивачите на петте клуба ќе бидат погодени од присилните промени“, се вели во соопштението на ЕФЛ, меѓу другото.

