Искусниот Карло Анчелоти ја презема функцијата селектор на Бразил и веќе почна со работа. Пред неколку дена означи старт на подоготовките и засега се е супер.
„Започнува нова авантура – тоа е голема одговорност, но и голема среќа да се има можност да се биде тренер на бразилската репрезентација“, објасни Италијанецот во интервју за Vivo Azzurro TV.
„Веќе ме викаат „Карлињо“ и ми се допаѓа. Оваа нова авантура носи голема одговорност, но и среќа. Се спротивставувам на стареењето, благодарение на страста што отсекогаш ја имав за фудбалот – изјави Анчелоти па додава.
„Бев пречекан со многу љубов. Се надевам дека добро ќе го подготвам тимот и ќе го направам конкурентен за следното Светско првенство. Странскиот јазик? Ќе морам да научам португалски, како што морав да научам француски, англиски, шпански, а фактот дека португалскиот има иста граматика ќе ми помогне.“ – вели искусниот стратег.