Селекторот на Бразил и поранешен тренер на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, го посети тренинг-центарот на шпанскиот клуб во Валдебебас. Италијанскиот стручњак се сретна со играчите, а разговараше и со актуелниот тренер Жозе Мурињо.
Анчелоти истакна дека со Мурињо долго време има одличен однос и дека редовно разменуваат идеи и пораки.
„Сигурен сум дека ќе биде успешен. Жозе е голем тренер и уверен сум дека ќе заврши одлична работа“, изјави Анчелоти.
Тој ги посети и бразилските репрезентативци Винисиус, Ендрик, Родриго и Едер Милитао, кои се опоравуваат од повреди. Анчелоти е задоволен и од почетокот на сезоната на Реал Мадрид и верува дека тимот е подготвен за големи предизвици.
„Верувам дека ова ќе биде одлична сезона за Реал“, порача италијанскиот стратег.
Анчелоти додаде дека Реал Мадрид и понатаму го смета за свој дом и дека, откако заминал од тренерската позиција, станал еден од најголемите навивачи на клубот.

