Анчелоти по дебито: Водењето на репрезентација е нешто поразлично, ја имате цела земја зад вас!

6.06.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Анчелоти по дебито: Водењето на репрезентација е нешто поразлично, ја имате цела земја зад вас!
Фото: Brasil Football 🇧🇷@BrasilEdition X

Типично во негов стил, Карло Анчелоти мирно го прифати здодевниот нерешен резултат 0-0 на Бразил против Еквадор во квалификациите за Светското првенство. За Италијанецот, тоа беше негово деби како селектор на оваа репрезентација. Резултатот е всушност добар бидејќи го доближува неговиот тим до место на Светското првенство во 2026 година.

„Имам над 1.200 натпревари како тренер, но денес беше мој прв како селектор на Бразил – и тоа беше нешто посебно. За мене, подарок е да бидам тука“, рече Анчелоти по натпреварот и продолжи: 

„Водењето на национална репрезентација е поинакво чувство од тоа да се биде на чело на клуб. Тука чувствувате дека имате цела земја зад вас. Нашата цел е да се квалификуваме и да се бориме за Светската титула, да го вратиме Бразил на врвот на светскиот фудбал, каде што отсекогаш бил. Ќе се бориме да го постигнеме тоа“, е оптимист поранешниот тренер на Реал Мадрид.

Анчелоти го оцени натпреварот со Еквадор како одличен од дефанзивна гледна точка за двата тима:

„Нашиот тим покажа одлично однесување, дисциплина и на моменти примени добар офанзивен притисок. Речиси и да не дозволивме шанси. Можевме да играме поглатко, но ова е добар нерешен резултат со добра игра. Заминуваме задоволни и самоуверени за следниот натпревар. Еквадор се бранеше многу добро и не беше лесно да се најдат празни места меѓу стативите. Мислам дека ќе биде поинаку против Парагвај – ќе имаме повеќе можности да ја контролираме играта, тоа ќе биде натпревар со повеќе ритам, движење и интензитет. Се враќаме дома со самодоверба, со бод и со цел да го добиеме следниот натпревар.“


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата