Алварез размислува за Арсенал, Артета го дава и Ѓокерес за Аргентинецот

29.08.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Алварез размислува за Арсенал, Артета го дава и Ѓокерес за Аргентинецот
фото: CentreGoals. @centregoals (X)

Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Хулијан Алварез сериозно размислува за трансфер во Арсенал.

Светскиот шампион во Аргентина сакаше да се приклучи во Барселона, но мадридскиот клуб официјално објави дека нема да им го продаде 26-годишниот напаѓач на Каталонците. Затоа, пак, „јорганџиите“ се подготвени да го пуштат играчот да оди во Арсенал за над 120 милиони фунти .

Според „Индипендент“, трпението и стратегијата на кондончани би можеле да им донесат успех и да им овозможат да обезбедат договор. Спортскиот директор Андреа Берта, поранешен член на Атлетико Мадрид, го турка трансферот по налог на главниот тренер на „топчиите“, Микел Артета, кој го гледа Аргентинецот како делот што му недостасува.

Алварез наводно веќе размислува за трансфер во Арсенал. Посредниците го информирале играчот дека Артета е спремен да му ја обезбеди на Хулијан најповолната можна напаѓачка позиција и дека неговото доаѓање би можело да го подигне нивото на целиот тим и да доведе до титула во Лигата на шампионите. Ако е потребно, Арсенал во трансферот би можел да го вклучи и Виктор Ѓокерес.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата