Со вечерашниот меч Алавес – Хетафе стартуваше новата сезона во Ла Лига, и веднап убедлив триумф на домашните и тоа со 3:0. Интересно, до 73.минута резултатот беше 0:0 за да Тенаља стрела за 1:0 со што се запиша како стрелец на првиот гол во сезоната 2026/27 во една од најсилните лиги во светот.
И така беше 1:0 се до 90+2.минута кога Диаз зголеми на 2:0, а Родригез две минути подоцна ги постави конечните 3:0.
Да кажеме и тоа дека гостите играа со играч помалку од 42.минутѕа кога Кико Фемениа беше исклучен.
Значи одличен старт на домашните, а кататстрофален за гостите на екипи кои се очекува да бидат во втората половина од табелата во Ла Лига.

