АФКОН: “Супер Орлите“ славеа против Алжир и си закажаа полуфинале против Мароко

10.01.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
АФКОН: “Супер Орлите“ славеа против Алжир и си закажаа полуфинале против Мароко
ФОТО: TotalEnergies Africa Cup of Nations/FB

Нигерија – Алжир 2:0 е исходот од третото четвртфинале на АФКОН. Одличен настап на “Супер Орлите“ кои си закажаа полуфинале против домашната селекција на Мароко. Веројатно тоа ќе биде супер интересен меч.

Инаку попладнево во Маракеш, Виктор Осимен едноставно одигра уште една фантастична партија. Прво стрелаше за 1:0 во 47.минута, за да десет минути подоцна асистираше за 2:0 за стрелецот Адамс.

Нигерија едноставно беше подобар тим, одигра поодобро, знаеше како да дојде до победата. Од друга страна селекцијата на Акжир колку и да се трудеше, сепак не беше на она потребно ниво за да се добие Нигерија, сепак Алжир го одигра еден од најлошите мечеви на овој турнир, затоа и се елиминирани.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата