Селекцијата на Сенегал е првиот полуфиналист на АФКОН откако доцна попладнево во првиот 1/4 финале, во Танџер, успеа да ја победи репрезентацијата на Мали со 1:0. Победничкиот гол беше дело на Индиаје во 27.минута. Треба да се каже дека во 45+3.минута, Мали остана со играч помалку на теренот откако Бисаума заработи втор жолт односно црвен картон. Во второто полувреме играчите на Сенегал имаа повеќе шанси, имаа и зицери ама тие 1:0 за нив останаа, додека Мали немаше сила да ги казни тие силни промашувања на Сенегалците.
Во полуфиналето силната селекција на Сенегал, за која настапуваат Мане, Кулибали, Ндиаје, Диаоло, Ниаките… се среќава со победникот од второто четвртфинале меѓу Египет и Брегот на БСК.

