Адејеми казнет со 90.000 евра!

3.01.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Адејеми казнет со 90.000 евра!
ФОТО: Borusia Dortmund/FB

Нико Ковач нема немара да толерира недисциплина во својот тим. Па така Борусија Дортмунд на препорака на својот тренер го казни Карим Адејемми. Офанзивецот ќе плати висока казна за неговиот прекршок на натпреварот против Борусија Менхенгладбах. Ѕвездата на Борусија Дортмунд беше казнета со голема сума по кризниот состанок што се одржа веднаш штом тимот пристигна во нивниот зимски тренинг камп во Марбеља. Одлуката беше донесена во луксузниот одморалиште Кимптон Лос Монтерос, а Адејеми ќе мора да плати казна од дури 90.000 евра, пишува германскиот Спорт Билд.
Според информациите од германските медиуми, износот од 90.000 евра ќе биде одбиен директно од месечната плата на Адејеми, што е дел од неговиот годишен договор вреден околу шест милиони евра. Одлуката беше донесена за да се стави до знаење дека таквото однесување нема да се толерира. По првиот тренинг во петокот навечер, тренерот Нико Ковач (54) објави дека инцидентот нема да се крие под тепих.

„Тоа не сме го правеле порано. По натпреварот, секако, секој си тргна по свој пат“, рече Ковач, додавајќи дека сè ќе биде разјаснето во личен разговор меѓу четири, шест или осум лица. Ова не е прв пат Адејеми да биде во центарот на вниманието за ексцеси. Пред два месеци, тој беше казнет со неверојатни 450.000 евра за нелегално поседување оружје, а за сето тоа ја обвини „мистериозна кутија од TikTok“. Веста се појави непосредно пред клучниот квалификациски натпревар за Светското првенство, предизвикувајќи шок во редовите на германската репрезентација.
Според Bild, 23-годишниот Адејеми беше казнет откако обвинителите потврдија дека нелегално поседувал боксер и тејзер, оружје забрането со германскиот закон. Казната од „60 дневни казни од по 7.500 евра“ стана правосилна на 30 октомври пред општинскиот суд во Ветер. Целата приказна се појави пред важниот натпревар против Словачка.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата