Адам Марушиќ е човекот на одлука, Лацио конечно победи!

9.03.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Адам Марушиќ е човекот на одлука, Лацио конечно победи!
Фото: Лацио Х

Во последниот натпревар од 28-то коло од италијанската Серија А, Лацио вечерва го победи Сасуоло со 2-1 на домашен терен, со што ја прекина серијата без победа.

Римјаните сега имаат 37 бода на десеттото место на табелата, додека Сасуоло претрпе пораз по три последователни победи и остана на деветтото место, еден бод зад вечерашниот ривал.

По само две минути игра Лацио поведе преку Малдини, Сасуоло израмни во првото полувреме преку Лауриенте. Победничкиот погодок за Лацио го постигна Марушиќ во судиското продолжение.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата