Абрамович не сака да ги донира своите пари во Украина

10.03.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Абрамович не сака да ги донира своите пари во Украина

Долго време се води полемика во светските медиуми, што се слулува со бројните олигарси кои што од Русија со децении беа преселени во Велика Британија, за да по започнатата војна помеѓу Русија и Украина голем дел од нив да си заминат од Островот.

Меѓу нив секако најпознат за фудбалски услови е Роман Абрамович кој што поради истата таа ситуација и санкциите кои што беа воведени против Русија, мораше да го продаде тимот на Челзи чиј што сопственик беше скоро две децении.

Абрамович тоа и го стори, за сума од 2.5 милијарди долари Челзи стана сопственост на американската компанија Блу, која што сега го води клубот.

Што се однесува пак до Абрамович парите кои што легнаа на британски негови сметки, уште во тоа време кажа дека сака да бидат искористени за добротворни, хуманитарни цели.

Во меѓувреме, санкциите врз Русија направија сметките на Абрамович во Велика Британија да бидат замрзнати, а парите од продажбата на Челзи не чепнати.

Сега, министерката за надворешни работи на Англија, Ивет Купер шокирачки изјави дека доколку Роман Абрамович не сака тоа да го стори сам, Велика Британија ќе го направи тоа самата. А тоа е парите да бидат донирани за Украина, и за луѓето таму. Конечно, ова го натера Абрамович да склопи тим од адвокати кои што нормално ќе го оспорат ова, со назнака дека парите не се државни туку на Абрамович и В.Британија нема никакво право да ги оттуѓува и да ги дава некаде каде што тој не сака.

 


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата