Пејачката збунета од целата приказна
Бројни познати имиња се огласиле да коментираат за она што веќе неколку дена е главна вест по сите медиуми – обвинувања на сметка на Мирослав Мики Слексиќ кого Милена Радуловиќ и Ива Илинчиќ први јавно го обвиниле за се*суално вознемирување и тоа во период кога ја посетувале неговата школа за глума.
- Не се знае кој кого тука го лаже. Јас не знам како тоа ќе се докаже, после осум години. Зошто молчеле осум години. Не ми е јасно зошто толку трпеле, па сега прозбореле – збунета е Лепа и додава:
- Биле ли на преглед? Јас можам да кажам сега за кого сакам дека ме силувал, но како тоа некој да го докаже? Како сега одеднаш пет од нив пријавиле. Не ми е јасно како тој човек го постигнал тоа, и зошто веднаш не го пријавиле – заклучила Лепа Брена.