За среќа навистина не треба многу. Среќата е прашање на одлука и зависи од нашите одлуки, а секоја навистина среќна жена се води според овие правила.
- Партнерот не е гаранција за среќа
На среќната жена не и треба партнер за да биде задоволна, таа носи среќа од себе, задоволна е од себе и се сака себе си. Поразите и погрешните избори не ја спречуваат да продолжи со својата верба во љубовта.
- Храбро се соочува со сите предизвици во животот
Среќна жена може сама да се справи со сите проблеми и не и е потребна ничија помош. Таа е творец на сопствената судбина и не се плаши да ја покаже својата сила.
- Се чувствува добро во сопствена кожа
Честопати сме склони да гледаме први на недостатоци, наместо убавина. Се жалиме на мали гради, вишок килограми, искривени нозе … Следниот пат кога ќе застанете пред огледалото, обрнете внимание само на доблестите – тоа го прават сите среќни жени.
- Простување
Среќната жена не ги носи на душа товарите од минатото, простува грешки за себе и за другите.
- Сè во животот е само ваш избор
Не грижете се за работи на кои не можете да влијаете, но сè што е дел од вашиот живот, вие навистина може да влијаете на тоа. Изберете сами како ќе го живеете вашиот живот, без оглед на очекувањата од околината. Изберете да живеете среќно.
- Не се запоставува себеси и своите потреби
Прекрасно е да се има емпатија и љубов кон другите и тоа е една од најубавите работи во нашите животи, но не заборавајте се себе. Негувајте се и грижете се за вашиот ум, душа, тело … Ако немате љубов кон своето битие, како ќе имате за другите.