По вчерашниот инцидент на раб на тепачка, денеска тензично, но мирно на седницата посветена на косовското прашање во српскиот парламент.
Опозициските партии го обвинуваат претседателот Вучиќ дека предолго преговара за статусот на Косово, а при тоа, го гледал само личниот интерес. Во однос на најавите дека е можно да воведе санкции кон Русија, го обвинија дека непотребно се откажува од близок партнер. Вучиќ во репликите порача дека Србија мора да продолжи по европскиот пат, а Косово не смее да остане замрзнат конфликт..