Одлуката на Судот во Лерин е позитивно изненадување бидејќи минатите години за слични теми требаше да се жалиме во Стразбур и Европскиот суд за човекови прави, каде што имаме неколку победи, вели за „Локално“ членот на колективното раководство на партијата на Македонците во Грција, „Виножито“, Павле Воскопулос Филипов, после отфрлањето на тужбите од тамошните здруженија и невладини организации, кои побараа укинување на Центарот за македонски јазик во Грција.
Тој смета дека ваквата одлука добива на тежина бидејќи бидејки станува збор за локален суд што не е лесно, кога станува збор за „национални теми“ во Грција.
-Кога Судот во Лерин го признава во суштина македонскиот јазик, индиректно почитува мајчин јазик на мнозинството на населението во Лерин. Може да биде пример и за другите региони на северна Грција оти секако и таму се уште е жив современиот македонски јазик, истакнува Воскопулос.
Според него состојбата на македонското малцинство не е директно поврзана со судската одлука, дури и позитивна како конкретниот случај со македонскиот јазик.