Владата распишува тендер за патарина на автопат кој се уште не е пуштен во употреба

10.06.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Владата распишува тендер за патарина на автопат кој се уште не е пуштен во употреба

За да не се запира автопатот кога ќе биде готов, како би се изградила патарина, Владата реши сега да распише тендер за изградба и на патарината „Арбиново“ на автопатот Кичево – Охрид, кој се уште се доградува. Тоа би значело дека најверојатно патарината на овој автопат, ќе почне да функционира брзо или веднаш по неговото пуштање во употреба. Самиот рок за пуштање во употреба на автопатот Кичево-Охрид постојано се пролонгира, па се уште не е познато кога се предивидува  тој да биде финализиран и достапен за користење.

Како не би се стопирал автопатот по неговото пуштање, од сега се започнува  со распишување на тендер за изградба и на таа патарина, како истата би била готова со неговото пуштање во употреба – дознаваме неофицијално од извори од влада.

Инаку владата распиша тендер во вредност од 15,3 милиони евра за изградба на трите нови патарини „Кадрифаково“ и „Преод“ на автопатот Миладиновци – Штип, како и „Арбиново“ на автопатот Кичево – Охрид.

Сумата е обезбедена со заем од Европската банка за обнова и развој, а во истата влегуваат и трошоците за обезбедување електронска наплата кај рампите „Миладиновци“, „Глумово“, „Желино“, „Тетово“ и „Гостивар“ меѓу Скопје и Гостивар.

Операторот треба да биде познат до октомври, а најмногу за 12 месеци да се изградат 3 – те нови патарини и да се примени електронската наплата.

Сето ова посочува дека треба да му ја мислат оние кои летово ќе патуваат за Грција, бидејќи ќе треба да искешираат по 100 денари на патарината Демир Капија-Смоквица, додека пак оние кои ќе возат по Миладиновци- Штип, ќе куртулат од патарини, најверојатно до овој период следната година.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата