ВИСТИНСКИ ВАМПИР: Мајка секоја недела земала половина литар крв од својот син - СТРАШНО!

8.02.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ВИСТИНСКИ ВАМПИР: Мајка секоја недела земала половина литар крв од својот син - СТРАШНО!

Данскиот суд ја осудил 36-годишната жена на четири години затвор, бидејќи му вадела 500 милилитри крв на својот син еднаш неделно во период од пет години.

Судот во Хернинг, западно од Данска, соопштил дека жената која инаку е медицинска сестра, 110 пати му извадила крв на момчето со помош на катетер, помеѓу неговата 1-ва и 6-та година, а на лекарите им рекла дека неговата лоша крвна слика е последица од ретка болест на коскената с'рж.

Судот навел дека докторите почнале да се сомневаат и дека ја информирале полицијата, која тајно снимала. Во психијатрискиот извештај кој судот го побарал, наведено било дека таа страда од „Минхаузенов синдром“ преку посредник, ментална состојба во која родителите прават нивното дете да биде болно, за да привлечат внимание кон себе. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата