Неодамнешните откритија укажуваат дека исландскиот морж исчезнал од Исланд во одреден момент во текот на 13 век, непосредно по пристигнувањето на Викинзите. Заедничките истражувања на дански, норвешки и исландски научници ги „обвинуваат“ Ноорвежаните за уништување на популацијата на моржот, пренесува „НРК“.
Нежниот гигант кој со илјадници години бил на врвот на синџирот на исхрана на Исланд, станаа предмет на интерес на Викинзите поради неговото месо, кожа и кљови.
„Големите морски цицачи можеби биле причината зошто Викинзите се преселиле на островот,“ вели Аксел Кристоферсен, професор на Одделот за историја и археологија и културна историја на Норвешкиот универзитет за наука и технологија.
Исландскиот морж, подвид на својот роднина од Атлантикот, исчезна во 13 век по неколку стотини години ловење. Норвешките доселеници се населиле на Исланд на крајот на 8 век, намногу поради моржот.
„Моржевите биле многу важен извор во тоа време. И кљовите и кожата биле барана стока. Кљовите се користеле, меѓу другото, за украси во црквата, а кожата на моржот се користела за јажиња. Без јажиња, норвешките морепловци не можеле да ги креваат своите едра”, вели Кристоферсон.
Во својата студија, истражувачите заклучиле дека ловот на морж во Исланд е најраниот познат пример каки економските интереси доведуваат до трајно и неповратно оштетување на морскиот екосистем.
„Ова се многу интересни откритија зашто покажуваат дека кога луѓето доаѓаат на ново место, тие максимално ги искористуваат животинските и природните ресурси“, вели истражувачот Бастијан Стар од Универзитетот во Осло.
Денес, во отсуство на моржовите, фооките се најголемите цицачи на Исланд.
Колонизацијата на Исланд почнала во 874 година кога Инголф Арнарсон станал првиот официјален доселеник. Денес, Исланд има 330,000 жители, од кои повеќето се со скандинавско потекло. Викинзите исто така се „заслужни“ за препознатливиот карпест пејзаж на Исланд бидејќи ги уништиле шумите за дрво и за градежни материјали.
извор: Makfax