Во центарот на Скопје се запали ресторанот „Рагуза“, кој е над катната гаража „26 Јули“, спроти седиштето на „Макпетрол“.
Од МВР информираат дека во 23 часот добиле дојава дека во ресторан „Рагуза“ лоциран на покривот од катната гаража „26 Јули“ додека била во тек свадбена прослава.
Накај катната гаража и Рагуза гори pic.twitter.com/tcNdn6ffCW
— dokolenko (@mk_dokolenko) August 7, 2021
Во ресторанот имало поголем број гости кои биле евакуирани.
Пожарот најверојатно е настанат од магацинот или поради неисправна вентилација. Засега нема информации за повредени лица.
Од страна на БППЗ пожарот се гаси,а сообраќајот е пренасочен.
makfax.com.mk