(Видео) ​На Истра во рибарска мрежа уловено морско куче долго 8 метри

3.03.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
(Видео) ​На Истра во рибарска мрежа уловено морско куче долго 8 метри

Рибарот Иван Павелиќ од Савудрија, Хрватска, поставил три рибарски мрежи во морето на 60 метри од брегот, по што утредента пронашол само две. Третата, како што вели тој, по потрагата се покажало дека во неа се заплеткало огромно морско куче, долго меѓу 7 и 8 метри, кое ја одвлечкало мрежата до дното.

„Морав да побарам помош“ рекол рибарот.

Негови пријатели дошле со дополнителен брод за да го извлечат до пристаништето. Но, тогаш настанала вистинска драма, зошто никој не очекувал дека уловот во мрежата всушност е заштитено морско куче, долго речиси осум метри и тешко околу два тона.

Според очевидци, една риба била замотана во 140 метри долгата мрежа, што им отежнувало на рибарите во ослободување на морското куче. На површината бил извлечена неговата опашка, која според проценката на рибарите, била широка околу два метри што одговара на неговата должина и тежина.

Остатокот од мрежата по операцијата се спуштила надолу, а морското куче повторно било заглавено и пуштено во морската длабочина.

Не е јасно дали кучето после се преживеало, а овој неочекуван морски улов го евидентирала и полицијата. Според неофицијални информации од надлежните, ветеринарската служба не се појавила на пристаништето во Савудрија, па според фотографиите ќе може да се заклучи за каков вид на морско куче се работи.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата