Турчин приведен на „Деве Баир“ оти приложил фалсификуван зелен картон

2.05.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Турчин приведен на „Деве Баир“ оти приложил фалсификуван зелен картон

На 02.05.2023 во 00:30 часот на Граничниот премин „Деве Баир“, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување на исправа“, од слобода бил лишен Х.К.(51) од Република Турција.

При пасошка проверка и контрола, на увид приложил фалсификуван зелен картон за возилото кое го управувал.

Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата