Циркус среде Охрид: Полиција запрела возило заради контрола, од него се разбегале рибокрадци со вреќа полна пастрмка

29.01.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Циркус среде Охрид: Полиција запрела возило заради контрола, од него се разбегале рибокрадци со вреќа полна пастрмка

На 27.01.2020 во 19:45 часот на подрачјето на населбата Пештани, полициски службеници запреле патничко возило „рено“, со охридски регистарски ознаки. Притоа, од возилото излегле две лица и започнале да бегаат, по што фрлиле една вреќа со риболовни мрежи и риба - охридска пастрмка.

По преземени мерки, констатирано е дека возилото било управувано од И.Л.(56) од Пештани. Риболовните мрежи и уловената пастрмка биле предадени во Хидробиолошкиот завод.

СВР Охрид работи на целосно расчистување на настанот, по што ќе поднесе соодветна пријава.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата