ТРАГЕДИЈА: Скокнал да се самоубие, па У*ИЛ 5-месечно БЕБЕ!

8.02.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ТРАГЕДИЈА: Скокнал да се самоубие, па У*ИЛ 5-месечно БЕБЕ!

Петмесечно бебе во Русија загинало откако врз него паднал човек, кој сакал да се самоубие со скок од 17 кат на една станбена зграда. Инцидентот се случил во градот Вороњеж, а трагедијата ја снимиле безбедносните камери.

Во видеото, кое е отстрането од социјалните мрежи, се гледа мајка која ја турка количката во која се наоѓа нејзиното бебе, синот Иља. Во еден момент движејќи се таа врти кон лево и токму во тој момент врз нив паѓа мажот.

– Мажот кој паднал врз количката загинал на лице место, а петмесечното бебе починало во болница, потврдил извор од локалната полиција.

Итната помош која стигнала само неколку минути по несреќата, дала се од себе да го спаси бебето, но и покрај се не успеале.
Според сведоци на трагичниот настан мајката морала веднаш да прими седативи за да ја смират, а настраданото дете и било првороденче.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата