Фудбалерката Паула Дапена, влезе во центарот на вниманието откако одби да изрази почит за починатата легенда Диего Армандо Марадона.
Оваа фудбалерка која настапува за шпанскиот тим Виахес Интериас, за време на оддавањето почит за Марадона, додека сите нејзини соиграчи стоеја, таа седна и се сврте со грбот.
„Одбивам да изразувам почит за силувач, педофил и насилник“, ја образложи причината Дапена за овој нејзин потег.