Овој сос има повеќе варјанти на подготовка, но овој е идеален за многу јадења
Продукти:
• 700 мл. млеко
• 50-до 100 гр, маслец или масло
• 50 гр, брашно
• сол и бибер по вкус
• 2-3 чешниња лук
Подготовка:
Маслецот (или масло) загрејте го на тивок огон. Кога ќе се загрее додадете го брашното и веднаш мешајте. Се пржи околу две минути, да почне да прави меурчиња. посолете и додадете го млекото. Повторно го мешате да не се згрутчи, потоа додавате бибер.
Од количината на млекото зависи која густина сакате да биде сосот. Ако сакате по редок ставате 50 гр. брашно и еден литар млеко, ако сакате погутс удвоите го брашното.
На крај кога сосот е веќе готов додатете ги сечкани чешнињата лук, (по желба мускатно оревче) проверете дали е доволно солен.
Овој сос може да се користи како додаток на многу јадења особено оние кои се пржени, или печени како што се кременадли, шницли, пилешки стек, кофтиња, пржени печурки…