Колумбиските медиуми останаа целите во прашалници откако дознаа дека на другата страна на светот, во Полска, на мечот од 34. коло помеѓу Лех Познањ и Легија Варшава се појави огромен транспарент со ликот на ни помалку ни повеќе озглогласениот криминалец Бабло Ескобар. Колумбијците јавно се прашуваат што бара една од најконтроверзните личности во нивната историја на транспарент во Полска, а потоа до некаде и добија објаснување.

Под ликот на Ескобар, стои слоганот „топка или пари“ многу слично на оној слоган со кој токму Ескобар владеел во Колумбија во своето време, „пари или куршум“.

Нормално и самите полјаци овој настан го осудија во целост велејки дека се правело притисок врз самите играчи и дека тоа не смее повеќе да се повтори.