Ова се крие по смртта на синот на шеикот: Дрога и забави со оргии биле негово секојдневие

3.07.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ова се крие по смртта на синот на шеикот: Дрога и забави со оргии биле негово секојдневие

Синот на владетелот на Шарџа, починал на 39-годишна возраст во Лондон, објавија денеска тамошните медиуми.

Основачот на машкиот бренд „Касими“, шеикот Халид бин Султан Ал Касими бил и син на шеикот Султан Бин Мухамед Ал Касими, кој владее со градот во Обединтети Арапски Емирати.

Во врска со причините за прераната смрт, се верува дека има поврзаност со дрога, бидејќи претходниот ден во неговиот стан имало журка со оргии и дрога.

Неофицијално, медиумите објавуваат дека момчето било предозирано, но официјално вакви информации најверојатно никој не смее да објави.

 

Како што пренесуваат изворите, во станот била пронајдена поголема количина на дрога, но полицијата се уште ниту го потврдила ниту го демантирала ова.

Покрај полициската истрага, наложена е и итна внатрешна истрага, а на лицата им е наредено да молчат, додава изворот.

На неговиот погреб присуствуваа голем број на луѓе.

 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата