Осудениот за измама Бобо Насев не мирува, овојпат се претставил како партиски портпарол

28.05.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Осудениот за измама Бобо Насев не мирува, овојпат се претставил како партиски портпарол

Бобан Насев, поранешен сопственик на портал кој своевремено се претставуваше како висок партиски функционер за што одлежа четири ипол години затвор поради измама, е всушност лицето кое се претставувало како партиски портпарол и од наивен скопски бизнисмен земал речиси 12.000 евра, дознава НетПрес.

Како што информираше Министертвото за внатрешни работи, Насев се јавува како првоосомничен во случајот во кој имал соработка од уште едно лице, со кого побарале и примиле 750.000 денари од бизнисмен од една скопска фирма. Измамата била сторена во април и мај годинава, во времето на кампањата за претседателските избори, а како што дознаваме двајцата осомничени се претставувале како портпароли на владејачката СДСМ.

„Двајцата… го измамиле односно лажно го информирале дека паричните средства кои ги побарале ќе бидат искористени како донација за финансирање на изборната кампања. Второпријавениот на овој начин од оштетениот побарал и примил парични средства во износ од 200.000 денари. Тој се претставил лажно, како портпарол на политичката партија. После тоа, пријавените во два наврати побарале и примиле парични средства од оштетениот, во вкупен износ од 550.000 денари, наводно за финансирање на тековните трошоци на изборната кампања на политичката партија“, информираше МВР.

По пријавата од наивниот бисмисмен, службеници на СВР Скопје со судска наредба ивршиле претрес на дом, лице и на превозно средство заради пронаоѓање на траги и предмети при што одземени се предмети како доказ во кривичната постапка. По завршувањето на претресот, пријавените се лишени од слобода.

Насев на јавноста ѝ е познат како поранешен сопственик на порталите  Комуникација.мк и Без пардон.мк кој во октомври 2013 година од Основниот суд во Штип беше осуден на 4,5 години затвор за кривичното дело измама. Тогаш Насев беше осуден за пет случаи на измама, откако беше пријавен од поединци за тоа дека се претставувал како како висок функционер во Владата и ветувал вработувања и други услуги за што добивал пари од илјада до 10.000 евра.

Тој веќе бил и осудуван и одлежувал затворски казни за слични дела на измама. Но тоа малкумина го знаат. Во изминатиот период освен како висок функционер во повеќе министерства, тој се претставуваше и како директор на маркетинг агенции, потенцијален менаџер на МРТВ и близок личен советник на владини функционер

Тогаш се претставувал како висок функционер во Министерството за информатичко општество, друг пат бил шеф на кабинет во Министерството за транспорт или потпретседател на кадровата комисија во Министерството за надворешни работи.

Со лажни ветувања за вработување и помош за добивање на социјални станови, осомничениот успеал од нив да извлече дури 21.000 евра.

На девојка од Скопје ѝ ветил дека ќе ја вработи во Министерсвото за информатичко општество каде наводно обавувал висока и одговорна позиција. За услугата скопјанката му платила неверојатни 5.000 евра. Откако исчезнал без воопшто да ѝ направи било каква услуга, случајот го пријавила во полиција. Жртви со истата измама нашол и во Радовиш, Гостивар и Штип.

Во друг случај од пред повеќе години на едно лице му ветил вработување во Министерството за надворешни работи, и тоа на висока функција, За сопругата на иманениот, пак, ветил дека ќе обезбеди работа во Народната банка. На сопружниците за оваа голема услуга им наплатил 10.000 евра. За да биде поуверлив, им покажувал различни легитимации од дипломатски карактер а прикажал и една плакета од НБРМ која наводно ја добил од гувернерот за посебни заслуги.

На штипјанец своевремено Насев му ветил работа како негов личен шофер зашто тврдел дека тој е шеф на кабинет на тогашниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и за таа услуга однапред „наплатил“ 1.500 евра.

На две лица им земал пари за да им помогне да добијат социјални станови. Од еден наплатил 5.000 а од друг 3.500 евра

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата