ОБЈАВЕНО РЕТКО ПИСМО НА КАТЕРИНА ВЕЛИКА Еве што оваа владетелка мислела за вакцинацијата (фото)

21.11.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ОБЈАВЕНО РЕТКО ПИСМО НА КАТЕРИНА ВЕЛИКА Еве што оваа владетелка мислела за вакцинацијата (фото)

Во време кога во Русија пустошела епидемија на мали сипаници и убила над десетина илјади во Сибир 1767. година, руската царица, Катарина II многу ранo станала поборник за вакцинacija, а вероватно е и прва личност која вакцинацијата ја направила модерна.

Во писмо до грофот Петар Александровиќ Румјанцев од 1787. година, Катарина Велика изнеla предлог за воведување кампања за вакцинација против малите сипаници.

– Една од најзначајните задачи требало да биде воведување вакцинација против сипаници, кои како што знаеме носеле големо зло, особено меѓу обичните луѓе, напишала Катерина Велика до грофот Румјановиќ, тогашен управник во Маларусија, односно денешна Украина.

– Таа тоа го опишува чекор по чекор, во фази, како да се организира кампања за вакцинација во Русија, која потоа тоа и го остварила, открила Екатерина МекДугал, руски стручњак за уметност и коосновач на аукциската куќа “МекДуглас“.

Нејзиното верување во идеата за просветителство, филозофија и интелектуално движење од кое била зафатена Западна Европа во 17 и 18 век, како и нејзиното пријателство со францускиот филозоф Волтер, кој имал силна верба во наука и напредок, доста влијаело на Катарина, пишува Juronjuz.

Откако дознала за пионерската работа на британскиот лекар Томас Димсдејл, го повикала во својот двор 1768 година, укажувајќи му да ја вакцинира нејзе и нејзиниот син Пол, како би била пример на рускиот народ.

Царицата, сепак, не вовела задолжителна вакцинација, бидејки знаела дека тоа кај луѓето ќе предизвика бунт.

Подоцна во масовната кампања 20.000 Руси примиле вакцина до 1780. година а до 1800. година преку два милиони.

– Катерина II го подготвила народот, спровела голема кампања за основање институт за вакцинација во Русија и секако, во денешните услови треба да бидеме горди на Катерина втора, рекла МекДугал.

Нејзиното писмо сега е изложено на имотот Зубових во Москва, во очи на аукција во аукциската куќа на руската уметност МекДуглов во Лондон, 1. декември

Просечната вредност на писмото и портретот изнесува меѓу 800.000 и 1,2 милиони британски фунти.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата