Британката Саманта Левтвајт пред десет години се најде на листата на најбарани криминалци на Интерпол поради обвинувања за тероризам.
Синооката Британка, која многумина ја нарекуваа „Белата вдовица“, побегнала од британските безбедносни служби и заминала во Африка, каде што се уште се поврзува со бројни злосторства извршени од терористички организации.
Нејзиното име со месеци се појавуваше во медиумите, но семејството на оваа мајка на четири деца, која наскоро ќе наполни 40 години, со години не знае ништо за неа.
Безбедносните аналитичари за Мирор изјавија дека вдовицата на Абдула Шашид Џамал, бомбаш самоубиец кој се разнесе во лондонското метро во 2005 година, најверојатно била во Сомалија или Танзанија.
Тврдат и дека не смее да патува и да ја менува позицијата од страв дека може да биде убиена. Нејзиното семејство, сепак, стравува дека оваа некогаш популарна тинејџерка од Ејлсбери е всушност мртва.
Вујкото на Саманта, Најџел, рекол дека неговиот брат Ендру со години не слушнал ништо за неговата ќерка.
– Не знам точно колку време помина. Веројатно веќе не е жива, а брат ми избегнува да зборува за неа – рекол вујкото на Саманта.
Запрашан дали некој член на семејството добил информации за неа од полицијата или безбедносните служби, Најџел само одмавнал со главата.
– Последниве десет години ни беа тешки, можеби и подолго од тоа, но што ни преостанува? Ми се чини дека последен пат ја видов на денот на нејзината матура. Ја видов на станицата Ејлсбери – се сеќава тој.
Пред пет години, курирот на Ал Шабаб бил фатен со 15 лажни пасоши наменети за екстремисти, меѓу кои и еден на Саманта. Тоа е последната информација за неа што ја слушнало нејзиното семејство.
Експертите за тероризам се сомневаат во точноста на информациите кои кружат за „Белата вдовица“ во последните години. Според некои тврдења, таа била видена во Јемен, Сирија, па дури и на границата меѓу Украина и Русија. Тие тврдат и дека има мали шанси таа сега повторно да биде активна како член на џихадистите.
– Тешко ми е да поверувам дека таа е на висока позиција во Ал Шабаб – изјави експертот кој ја проучува ситуацијата во Сомалија, Омар Махмуд.
Тој додава дека приказните за неа се помалку се слушаат и дека многу од нив звучат како легенди.
-Со години не слушнав ништо за неа што би сведочело за нејзината вмешаност во некои злосторства. Доколку е уште жива и ако има добра позиција во организацијата, можно е да живее во некое од селата или градовите кои се под управа на Ал Шабаб – изјави експертот.
Махмуд додава дека некои информации за неа сигурно би се појавиле доколку учествувала во некоја активност или ако често ја менувала својата позиција.
„Секое движење би ја ставило на голем ризик“, рече тој.
Д-р Џина Вејл, експерт за радикализам од Кралскиот колеџ во Лондон, вели дека Саманта веројатно ќе биде искористена за пропагандни цели доколку е директно вмешана во нападите на Ал Шабаб.
– Целиот нејзин идентитет, начинот на кој е претставена, односот со нејзиниот покоен сопруг, нејзиниот звучен прекар, како и фактот дека е од Запад и преобратена во муслиманка, дека е бела и жена, сето тоа ја прави многу добра пропаганда со алатка која не е искористена на вистински начин – рече таа.
Токму тоа е фасцинантно во нејзиниот случај.
– Таа е голема мистерија. Да има еден од нејзините профили и да не го користи на вистински начин е навистина необично. Да беше вклучена во нападите, веројатно ќе слушнавме повеќе за неа – смета Вале.
Џина вели дека тешко дека Саманта, доколку е жива, е во првите редови, но секако имала важна улога во планирањето или финансирањето на напади.
– Ова се начините на кои некој со нејзиниот профил би можел да придонесе за таа екстремистичка организација, без всушност да учествува во нив – изјавила Џина.
По бегството од Британија, Саманта беше обвинета од кениската полиција во февруари 2012 година дека планирала терористички напади врз хотели во таа земја.
Таа пристигнала во Кенија со лажен пасош, го украла идентитетот на медицинска сестра, а потоа контролирала една од ќелиите на организацијата од безбедна куќа, додека не била претресена институцијата во која престојувала.
„Белата вдовица“ е обвинета и дека испукала граната кон навивачите во бар во крајбрежен град во Кенија.
Јавноста со години малку знае за судбината на нејзините четири деца, од кои три се родени во Велика Британија. Повеќето од членовите на нејзиното семејство сè уште живеат во ОК, но избегнуваат да зборуваат за неа, нејзините деца и обвиненијата против неа.
За децата се знае единствено дека се одгледувани без татко и дека мајката ги воспитувала во согласност со обичаите на џихадот.