Се повтори масакрот во Рим, каде стотици мртви птици можеше да се забележат по улиците откако се фрлаше огномети на новогодишната ноќ.
Веста ја објави здружение за заштита на животните, кое настанот го нарече масакар.
Причината за смртта сè уште не е позната, но Меѓународната организација за заштита на животните соопшти дека најверојатно е поврзана со силниот звук на огнометот во област богата со дрвја каде што многу птици ги прават своите гнезда.
Портпаролката на организацијата претендира дека птиците можеби умреле од страв.
Тие можат да летаат и да се удираат едни со други или да удираат во прозорци или далноводи и исто така можат да умрат и од некаков срцев удар, рече таа.
Огромен број на мртви птици во Рим имаше и минатата година, и покрај фактот дека италијанската престолнина им забранува на граѓаните да палат огномети.