На приказните дека Соња Вукашиновиќ е во врска со турскиот пеач Озаган Шен, Аца Лукас тврди дека сето тоа е смислено поради него.
- Каков бре Турчин, каков бизнисмен и пеач. Каде тоа го има? Дечкото сакаше да се промовира преку мене, Индијанец еден, но тоа малку потешко ќе оди.
- Соња нема врска со него. Таа афера е наместена, но ни таа тоа не го сваќа, туку се ми прави намерно. Таман се помиривме и ги средивме нашите нерасчистени сметки, гледај го сега ова. Дошла будали да направи пара, па ја фатиле Соња да им направи маркетинг, и тоа преку мене. Виде Турчинот кој е Аца Лукас, па преку мене сака да се прослави, но малку се за*бал дечкото! За голема риба треба уште поголема мамка. Јас на такви црвчиња не пеам.
Тој ќе се тргне од Соња кога ќе види дека нема фајде од тоа. Затоа несакам ни да реагирам. И ова му е премногу медијски простор кој го доби преку мене. Имам многу попаметна работа отколку да се занимавам со дебили, направив сам песна, сега работам на спот. Како што реков, тоа ќе биде нешто невидено, а повторно во мој стил.