Покрај денешниот меч помеѓу Карабах и Силекс, се одиграа уште четири меча во 1. квалификациско коло во Лигата на шампионите.
Црвена Звезда убедливо ја совлада екипата на Европа од Гибралтар со 5:0, и се пласираше во 2. квалификациско коло од „елитата“. Овој резултат и не е изненадување ако се има во предвид фаворитската улога која ја имаше српскиот првак.
Изненадувачки можеби е убедливиот триумф на Динамо Брест над Астана од 6:3. Дури 4:1 беше на полувремето за Динамо, а потоа во вториот дел само потврда на триумфот, со кој Астана, еден од фаворитите за пласман во групите во ЛШ, е елиминиран уште во 1. коло.
Легија минимално со 1:0 го совлада Линфилд од Северна Ирска, а Селтик немаше проблеми во дуелот со Рејкјавик и го победи со 6:0.