ЛОША СТРАНА НА ГЕЛ-ЛАК: Ова НЕМА да ви го каже вашиот маникир, а е многу ОПАСЕН!

3.11.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ЛОША СТРАНА НА ГЕЛ-ЛАК: Ова НЕМА да ви го каже вашиот маникир, а е многу ОПАСЕН!

Жените ширум светот го обожаваат, но сепак има негативна страна на овој популарен маникир

Многу жени го замениле класичното продолжување на ноктите со гел-лак. Изгледа многу поприродно и самиот маникир трае многу пократко, околу две недели.
Идеален е за секојдневна употреба и за поелегантен изглед на целата рака. Сепак, има и некои многу лоши страни за кои треба да знаете.

Долго трае, бојата “не мрда“, отпорна е на бројни надворешни влијанија – гел-лак навистина ги има сите карактеристики на маникир од соништата на прв поглед. Токму затоа набавката на УВ ламби за сушење вакви лакови во последно време е во пораст – се чини дека уметноста на маникир со гел-лак може да ја совлада и просечна жена.
Сепак, сјајната површина на слојот од гел-лак ја крие својата грда страна – ослабените, бледи и испукани нокти (што сигурно секоја жена го доживеала после овој третман).

Изложеноста на УВ зрачење од светилките што се користат за сушење на лакот, како и потенцијалното оштетување на вашите нокти, се два големи фактори кои не можат да се игнорираат.

Студијата нарачана од компанија за лакови за нокти ги побила резултатите од таа студија, но доктор Валдорф сепак препорачува мерки на претпазливост.

– Проблемот е што штетата предизвикана од УВ зрачењето е кумулативна. Значи, ако користите УВ ламби повремено, тоа може да нема многу ефект веднаш. Меѓутоа, ако почнете да ги земате редовно во дваесеттите или триесеттите и продолжите, ризикот ќе биде поголем, вели д-р Валдорф.

За да избегнете опасно изложување, д-р Валдорф препорачува да нанесете водоотпорна крема за сончање пред да го направите вашиот маникир.

Гел-лаковите екстремно го сушат ноктот, што го прави кршлив со текот на времето. Погрижете се постојано да ги хидрирате ноктите и кутикулите со масло од витамин Е додека го имате гелот на вашите нокти.

Откако ќе го отстраните лакот, натопете ги ноктите во сад со витамин Е или кокосово масло за брза рехидратација.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата