Лила Филиповска: Дадов 25 илјади евра ДОНАЦИЈА И 8 ИЛЈАДИ ЕВРА ПОЗАЈМИЦА НА „1ТВ “

29.01.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Лила Филиповска: Дадов 25 илјади евра ДОНАЦИЈА И 8 ИЛЈАДИ ЕВРА ПОЗАЈМИЦА НА „1ТВ “

Водителката Лила Филиповска сведочеше денес за случајот Рекет при што изјави дека со Боки 13 не се скарани, но повеќе не биле пријатели.

„Го познавам од неговата 15-та година. Бевме пријатели, па бевме скарани некое време, па се смиривме пред некое време. Сега не сме скарани, но не сме пријатели“, рече таа

Лила истакна дека дала  25 илјади евра донација и 8 илјади евра позајмица за „1ТВ“ бидејќи како што кажа сакала да помогне.

А потоа дала и околу 500.000 денари позајмица на „БМЈ Медиа груп“, фирмата сопственик на „1ТВ“.

Лила Стојановска потврди дека била во автомобилот кога Бојан Јовановски беше приведен. Заедно со нив биле и Сергеј Варошлија и Анета Кочишки. Требало да заминат на одмор на Миконос.

Обвинителката ја праша кој требало да го плати одморот и Лила рече дека не знае оти само што се вратила од Турција и згора на тоа ја заборавила картичката.

Таа рече дека со Боки одела на викенди, а не на одмори, а еден таков бил во Грција во рисортот Данаи.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата