Наполи и Реал Сосиедад отидоа понатаму во Лигата на Европа, откако одиграа 1:1. Аз Алкмар, пак, кому му требаше победа против Ријека, не само што не дојде до триумф, туку и загуби 2:1 во финишот. Наполи водеше против Реал Сосиедад со голот на Зелински, а израмни Жозе во последните мигови од мечот.
Јанг Бојс беше на прагот на елиминација од групата од Клуж. Губеше 0:1 по непостоечки пенал, а потоа доби исто така сомнителен пенал во финишот, во 94. минута. Го реализираше, а во 96. минута тимот од Берн стигна до победа, и дефинитивно го „запечати“ пласманот понатаму.
ЦСКА Софија предводена од Бруно Акраповиќ ја изненади и ја совлада Рома со 3:1.
Во следната фаза одат и Арсенал, Молде, Ренџерс, Бенфика, Баер Леверкузен, Славија Прага, ПСВ и Гранада.
ГРУПА А:
ЦСКА Софија – Рома 3:1
Јанг Бојс – Клуж 2:1
ГРУПА Б:
Дундалк – Арсенал 2:4
Рапид – Молде 2:2
ГРУПА Ц:
Баер Л. – Славија Прага 3:0
Хапоел Бер Шева – Ница 1:0
ГРУПА Д:
Лех Познањ – Ренџерс 0:2
Стандард – Бенфика 2:2
ГРУПА Е:
ПСВ – Омонија 2:0
ПАОК – Гранада 0:0
ГРУПА Ф:
Наполи – Р. Сосиедад 1:1
Ријека – АЗ Алкмар 2:1