Костадинов: НЕ Е ТОЧНО ДЕКА СО ДРЖАВНИ ПАРИ купуваме слот машини во државната видео лотарија

23.01.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Костадинов: НЕ Е ТОЧНО ДЕКА СО ДРЖАВНИ ПАРИ купуваме слот машини во државната видео лотарија

ВМРО-ДПМНЕ преку колегата Илија Димовски ја лажат јавноста дека, со државни пари се купувани слот машини, изјави Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ и пратеник.

Жалам што колегата кој практично е еден од пратениците со најдолг стаж во собранието, не прави разлика од трошење државни пари и самофинансирање. При набавката, која што ја спроведува државната видео лотарија не е потрошен ниту еден денар од буџетот на Северна Македонија. ДПМНЕ која што практично остана последниот анти државен елемент и за среќа на сите е во распаѓање, не им остана ништо друго освен ширење на лажни вести преку политичките амеби кои скоро 2 децении, функционираат на товар на граѓаните.Таквото лицемерие граѓаните го препознаваат и на 12 Април убедливо ќе го поразат деструктивното однесување на ВМРО-ДПМНЕ, изјави Костадинов.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата