Ќосев во одбрана на македонскиот јазик: Официјалниот јазик во Република Северна Македонија НЕ Е ДИЈАЛЕКТ на бугарскиот

20.07.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ќосев во одбрана на македонскиот јазик: Официјалниот јазик во Република Северна Македонија НЕ Е ДИЈАЛЕКТ на бугарскиот

Професорот Александар Ќосев, член на Клубот за македонско-бугарско пријателство во студиото на „Добро утро Европа“ изјави дека од почеток е против ветото и дека официјалниот јазик во Република Северна Македонија не е дијалект на бугарскиот.

Додаде дека дијалект не се употребува во сите општествени сфери.

„На дијалект не се говори во болниците, во училиштата, во канцелариите, на Универзитетите. На дијалект се зборува дома, меѓу членовите. Кога еден јазик ги опслужува сите сфери на општествениот живот тоа е литературен јазик, тоа не е дијалект“, вели Ќосев.

Вели дека јазикот на историските митови и трауми го завладеа бугарскиот и македонскиот политички простор.

Вклучувањето на Бугарите во Уставот на Република Северна Македонија, Ќосев, го дефинира како „минимален успех“. Вели дека ветото доведе до тоа да се скараат два братски народи.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата