Кина пати од Корона вирусот, ама заради тоа светот ќе пати од економска криза

8.02.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Кина пати од Корона вирусот, ама заради тоа светот ќе пати од економска криза

Застојот на кинеската, втора по големина економија во светот, може да биде со поголеми последици од кора вирусот. Таа го тресе светот со домино ефект, бидејќи Кина е клучен двигател на глобалниот развој. Последиците веќе се чувствуваат, а крајната цена на штетата на светската економија како резултат на појава на овој вирус ќе зависи, пред сè, од динамиката и времетраењето на штетите во самата Кина“.

Кина може да го разниша светот

САРС, еден вид коронавирус, исто така се појави во Кина во раните 2000-ти, а потоа се шири во 26 земји. Имаше економски последици кои заради САРС во Кина ја чинеа глобалната економија повеќе од 30 милијарди американски долари. Новиот корона вирус може да има уште поголемо влијание врз глобалната економија, не само затоа што веќе зарази повеќе луѓе отколку САРС. Во тоа време, растот на глобалната економија, како и на Кина, беше значително поголем, па можноста за амортизација на штетата беше исто така поголема.

Националната агенција за кредитен рејтинг на Русија процени дека растот на БДП на Кина може да се намали за 0,5 проценти оваа година, и да падне на 5,6 проценти, како резултат на појава и епидемија на коронавирус.

И економистите во светот не се мачат со проценките. Финансиски советници на Планте и Моран, Главниот директор за инвестиции Џим Брд, смета дека е рано да се измери влијанието што конеската еподемија и економскиот застој во Кина ќе ги имаат врз глобалната економија.

Економистот на универзитетот Корнел и поранешен шеф на кинескиот сектор на Меѓународниот монетарен фонд, Есвар Прасад, не се сомнева дека забавувањето на економијата во Кина би можело да има значителни лоши ефекти низ Азија но, и другите делови на светот, со оглед на големината на кинеската економија и нејзината улога како клучен двигател на глобалниот раст. ММФ предвиде дека по порастот на вирусот паѓа економскиот арст на Кина и од 6,5 процент минатата година, тој би бил 6,0 проценти оваа година.

„Улогата на Кина, како најголем производител во светот и, во голема мерка, најголемиот потрошувач на енергија, токму затоа што има најголемо производство во секој случај ќе доведе до забавување и неможност да ги реализираат своите планови за производство, кои потоа како застој ќе бидат проблеми пренесени на голем дел од светот“.

Објектите се затворени, нарачките се откажани

Најголемите глобални компании, како што се технолошките гиганти и производители на автомобили или електроника и телекомуникации, привремено ги затвориле своите капацитети во Кина, а некои земји ги откажале нарачките од Кина.

Корона вирусот веќе влијаеше не само на кинеската економија, туку и на глобалните пазари на стоки, вклучувајќи го и пазарот на нафта. Цената на суровата нафта „Брент“ опадна за 14 проценти од почетокот на оваа година, во најголем дел поради вестите од Кина. Она што е сигурно е дека директната штета, според него, ќе биде највидлива во туризмот. Кина стана светска дестинација и ќе има драматичен пад на приходите, при што туризмот придонесува со 11 проценти во економскиот раст на земјата.

„Директните последици ќе бидат очигледни и во трговијата, а трошоците за спречување, контролирање и санирање на штетите од ширењето на коронавирусот ќе се зголемат“, рече овој економист.

Жилава кинеска економија

Но, Бушатли исто така истакнува дека кинеската економија е многу жилава и прилагодлива, многу полесна за прилагодување кон промените од која било друга развиена земја во светот. И Европа и Америка, вели тој, се многу ригидни во оние периоди кога треба да реагираат брзо.

Тој посочува дека сегашната состојба со коронавирусот сè уште не е на ниво на пандемија, дека инфекцијата сè уште е локализирана со мал број заразени луѓе ширум светот, но дека врвот на епидемијата, максимумот што го достигнал вирусот, допрва треба да се види. Затоа е тешко да се каже дали проблемите ќе бидат решени оваа година.

Ако Кина успее да го стори тоа и да се извлече од проблемите со епидемијата и потоа малку да ја забрза својата економија, од тоа зависи дали другите земји ќе можат да го прифатат и следат тоа.

„Дали Западот ќе мора да ги реши своите проблеми и да ги забави своите економии, пред се индустриското производство, ќе зависи во голема мерка од кинеската економија и заедно тоа ќе се одрази на пониско ниво на глобален развој од планираното“. велат рејтинг консултантите за странски инвестиции.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата